Штипјани гласаат на двојните избори: Точно во 7 часот отворени избирачките места
Вториот круг од претседателските и парламентарните избори утрово во 7 часот почнаа на територијата на Општина Штип. Претседателот на Општинската изборна комисија (ОИК), Виктор Вацев изјави дека на двата избирачки списоци има по 41 379 избирачи, кои своето демократско право ќе можат да го искористат на 74 избирачки места.
Посочува дека сите избирачки места се отворени точно навреме и засега се се одвива во најдобар ред, но се уште е рано да се зборува за некоја процентуално излезност, зашто првите податоци до комисијата ќе пристигнат после 9 часот.
МИА утринава беше на гласачкото место лоцирано во Центарот за култура „Ацо Шопов“. Претседателот на Избирачкиот одбор 22 99, Столе Хаџи-Николов вели дека гласачкото место навреме е отворено. Своето право на глас на оваа избирачко место можат да го остварат 655 избирачи за претседателските избори, а за парламентарни еден гласач повеќе иле 656.
-Имаме едно лице кое станало полнолетно и затоа на списокот за парламентарните избори имаме еден гласач повеќе. За околу половина час,гласаа десет избирачи и тоа за двата типа на избори, вели. Хаџи Николов.
Вчера гласаа болните и изнемоштени лица во домашни услови. Од пријавените и одобрени 208 барања, гласале 187 за парламентарни и 186 за втор круг претседателски избори. Според податоците на ОИК, ваква разлика меѓу пријавени и оние кои го исполниле правото на глас во текот на вчерашниот ден е што 21 лице од пријавените починале помеѓу двата изборни круга. Вчера се гласаше и во КПУ- Затвор- Штип, каде од 203 регистрирани избирачи од 40 македонски општини, правото на глас го искористиле 146 осудени лица или 72 проценти, што е скоро идентично со првиот круг за избор на претседател
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа