Штипјанец го стартувал тракторот по што излетале искри и настанал пожар

 

Вчера во 11.15 часот во СВР Штип, С.Т.(28) од Штип пријавил дека околу 11.00 часот во дворно место во с.Врсаково, штипско, додека го стартувал неговиот трактор „имт 533“, од искрење настанал пожар на сува трева од кој бил опожарен тракторот и неговото патничко возило „алфа ромео“ со штипски регистарски ознаки.

Од екипа на Територијалната противпожарна единица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип. 

22.07.2024 - 16:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа