Close Menu
Press24
    Најново

    Понеделник е неработен ден – ќе одмориме три дена

    10.09.2026 во 09:08

    Шокирачки вести за возачите: Цената на нафтата драстично скокна

    10.09.2026 во 10:10

    Женска тепачка по претходна расправија

    09.09.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Државната химна треба да ја пеат сите, без разлика од кој етникум доаѓаат
    • Лукаревска до Јаневска: Дали училиштата кои ги затворивте ќе станат старски домови?
    • Герасимовски: Барам јавно извинување за односот кон советниците и администрацијата на јавната презентација за Барутана
    • Голема акција: МВР тресе на 20 локации -се апси за фалц дозволи
    • Брачен пар пронајден мртов во заклучен стан – Трагедија го потресе регионот
    • Од утре драстична промена на времето – пад на температурите, силен ветер и пороен дожд
    • Татко си го натепал синот и му нанел повреди – Приведен 39-годишен прилепчанец
    • Земјотрес ја погоди Србија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Шокантен улов во Охридското Езеро: 4 километри забранети мрежи и 117 килограми риба (ФОТО)

    Шокантен улов во Охридското Езеро: 4 километри забранети мрежи и 117 килограми риба (ФОТО)

    02.09.2026 во 09:491 Min Read
    МВР
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На 1 септември полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ спровеле акциски контроли во водите на езерото, насочени кон сузбивање на незаконскиот риболов и откривање на рибарски мрежи и друг недозволен риболовен алат.

    На потегот меѓу струшките села Калишта и Радожда биле пронајдени 20 т.н. висечки рибарски мрежи, кои се строго забранети за лов на риба. Мрежите биле со вкупна должина од околу 4.000 метри, а во нив биле уловени 872 парчиња охридска белвица со вкупна тежина од 116,9 килограми.

    МВР

    По насоки на јавен обвинител, полициските службеници од езерската полиција и Регионалниот центар за гранични работи – Запад ги извадиле мрежите од езерото заедно со уловот. За случајот бил известен и надлежниот инспекторат за рибарство.

    Од полицијата информираат дека и во наредниот период ќе продолжат засилените контроли на Охридското Езеро со цел спречување на незаконскиот риболов, откривање на сторителите и заштита на рибниот фонд.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Голема акција: МВР тресе на 20 локации -се апси за фалц дозволи

    11.09.2026 во 12:24

    Татко си го натепал синот и му нанел повреди – Приведен 39-годишен прилепчанец

    11.09.2026 во 12:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.