Шкријељ: Цените на производите паѓаат, растат платите и пензиите, грижата на СДСМ на дело

„СДСМ преку Владата и парламентарното мнозинство што ги предводи, продолжува да се грижи за сите категории граѓани. По неодамнешната одлука за замрзнување на цената на белиот и полубел леб, во следните денови следува значително намалување на цените и на други продукти“, рече Санела Шкријељ, пратеничка на СДСМ.

„Цената на тестенините се намалува за 15 отсто, додека цената на млекото и млечните продукти се намалува за 10 отсто.

Покрај овие одлуки кои имаат за цел да ги заштитат граѓаните од ценовни шокови, реализираме и системски решенија кои го унпаредуваат животниот стандард.

Од овој месец, минималната плата повторно се зголемува и таа ќе изнесува 20.175 денари, односно за над 2.000 денари повеќе од досегашната минимална плата која изнесуваше 18.000 денари.

Согласно методологијата за усогласување на пензиите, од овој месец ќе растат и пензиите за 330.000 пензионери.

Според проценките пензиите ќе пораснат за околу седум отсто што значи дека просечната пензија во март оваа година ќе се зголеми за над 1.200 денари, а следното зголемување согласно Законот ќе се случи во септември оваа година.

Ова почитувани е пример за вистинска грижа за сите граѓани.

Затоа како одговорна партија ќе продолжиме да работиме посветено на унапредување на животниот стандард на сите граѓани“, изјави Санела Шкријељ, пратеничка на СДСМ.

12.03.2023 - 13:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега