Шилегов: Водно станува вело дестинација, отворена првата велосипедска патека

Водно полека станува вело дестинација. Денеска официјално ја пуштивме во употреба првата „uphill“ велосипедска патека на Водно во должина 3.452 метри, направена по сите светски стандарди и наменета исклучиво за велосипеди, изјави градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.

Новата пионерска велосипедска патека се протега од полициската станица до Средно Водно и е наречена пионерска, затоа што е прва од трите кои се планирани во рамки на проектот „Вело Водно“.

– Ме радува што успеваме велосипедизмот, односно алтернативниот начин на движење да го развиваме се повеќе и повеќе во нашиот град. Ги повикувам скопјани да ја извозат стазата. Не е претешка, а е дефинитивно здраво, изјави Шилегов.

Претходно повеќе велосипедисти учествуваа на натпревар по новата патека во организација на „Прв до врв“, од полициска станица Водно.

Проектот за уредување на оваа планинска вело-патека на Водно е реализиран во соработка и е кофинансиран од Советот за регионална соработка (Regional Cooperation Council), а е дел од проектот „Велосипедски парк Водно“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.10.2020 - 12:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега