Венко Флипче на прес-конференција информираше дека партиското раководство на СДСМ има информации дека Петре Шилегов одработува за ВМРО-ДПМНЕ. Поради тоа, извршниот одбор на седница го исклучи Шилегов од партијата.
Филипче вели дека СДСМ има легитимно избрано раководство, и тој нема да дозволи никој да ја подели партијата.
За одлуката Шилегов дозна во емисија во живо, но не сакаше да коментира поради годишнината од трагедијата во Кочани.
Вчера, Шилегов одговори на обвинувањата против него, истакнувајќи дека иницијативата за негово исклучување од СДСМ е покрената во спротивност со Статутот на партијата. Тој го повика претседателот на СДСМ да ја посети Општинската организација во Карпош за да дискутира со членството, не само за неговото исклучување, туку и за разрешувањето на Филипче.
„Јасно е дека постои договор кој предвидува СДСМ да остане во сегашната состојба, постојано да ги губи темите и да дозволи ВМРО‑ДПМНЕ да освои два мандати, со услов да не биде подложно на истраги и можни кривични постапки“, изјави Шилегов.


