Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Карактеристично за денешниот ден ќе биде присуството на умерен, а на одредени места и повремено засилен ветер кој ќе дува од северен правец. Минималните утрински температури се движат во интервалот од -2 до 3 степени, додека максималните дневни ќе достигнат од 8 до 16 степени.
Слична временска слика се очекува и во главниот град. Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со повремени сончеви периоди. Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер. Утринската температура во Скопје се спушти до 2 степена, а максималната дневна ќе се искачи до 15 степени.
Според најавите на синоптичарите, во наредните денови следува период на променливо облачно време во кое ќе се задржи умерениот до засилен ветер, претежно од северен правец. Исклучок ќе биде понеделник, за кога метеоролозите најавуваат услови за појава на слаби локални врнежи од дожд.


