Close Menu
Press24
    Најново

    Шестмина возачи лишени од слобода во текот на ноќта

    22.11.2026 во 13:55

    Се трага по исчезнато лице во Гостивар, се пребарува и реката Вардар

    22.11.2026 во 13:50

    14-годишно момче од Грција подготвувало вооружен напад во училиште

    22.11.2026 во 12:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Шестмина возачи лишени од слобода во текот на ноќта
    • Се трага по исчезнато лице во Гостивар, се пребарува и реката Вардар
    • 14-годишно момче од Грција подготвувало вооружен напад во училиште
    • Тошковски: Со „One Stop“ на Ќафасан Македонија го заокружува системот на заеднички гранични контроли со соседите надвор од Шенген-зоната
    • СДСМ: Крепен живот, кошничката достигна 71.000 денари а следува и поскапа струја
    • Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен до 2029 година, автопатот Кичево–Охрид до втората половина на 2027
    • Рама за „Монструм“: Албанија нема да се меша во внатрешните работи на Македонија, институциите треба да ги решаваат случаите
    • Архиепископот Стефан до Рускиот патријарх: Вашето служење претставува сведоштво за цврстината во верата и за свесноста за одговорноста
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Шестмина возачи лишени од слобода во текот на ноќта

    Шестмина возачи лишени од слобода во текот на ноќта

    22.11.2026 во 13:552 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Лишени од слобода се шест лица, евидентирани 14 сообраќајни прекршоци при синоќешната акциска контрола до раните утрински часови во Скопје, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

    Во периодот од 20 часот синоќа до 6 утрово, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи – Скопје спровеле акциска контрола, по претходно изготвен план за преземање на зајакнати мерки и активности за одржување на поволна безбедносна состојба на централно градско подрачје.

    – При контролата извршени се проверки на идентитет на 34 лица, извршен е преглед кај 25 лица, а прегледани се четири возила. За време на контролата констатирани се 14 прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, извршена е контрола во осум угостителски објекти и клубови за автоматски игри на среќа, приведени се две лица – странски државјани, едно лице е приведено по член 15 од Закон за лична карта. Притоа, лишени од слобода се две лица за сторено Кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, а едно лице е лишено по член 297а од Кривичниот законик. За време на акцијата извршено е превентивно делување од страна на полициските службеници со непосредно присуство и со постојани обиколки и повремени задржувања во паркот во Капиштец, лоциран на улицата Народен Фронт 66, потоа на булеварот Партизански Одреди бб, како и кај игралиштето наречено „Дрвен Град“, лоцирано на улицата Славка Недиќ поради секојдневното собирање на малолетни лица на дел од локациите – појаснија од МВР.

    Извршени биле проверки и во повеќе угостителски објекти, при што не биле забележани неправилности, односно не биле затекнати малолетни лица кои консумираат алкохол.

    – Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови – додадоа од МВР. 

    Прочитај повеќе

    Се трага по исчезнато лице во Гостивар, се пребарува и реката Вардар

    22.11.2026 во 13:50

    ФОТО: Ова е местото каде полицијата го пронајде телото на 38-годишниот Един

    21.11.2026 во 14:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.