Close Menu
Press24
    Најново

    Василевска во „Колегиум“: Опозицијата користи застарен ПР и води политика спротивна на државните интереси

    29.10.2026 во 19:27

    Над 22.000 преземања за 24 часа: Апликацијата „m.Uslugi“ забележа голем интерес кај граѓаните

    29.10.2026 во 19:16

    Мисајловски: Професионалните војници со навршени 45 години ќе можат да избираат меѓу останување во Армијата, трансфер или отпремнина

    29.10.2026 во 19:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Василевска во „Колегиум“: Опозицијата користи застарен ПР и води политика спротивна на државните интереси
    • Над 22.000 преземања за 24 часа: Апликацијата „m.Uslugi“ забележа голем интерес кај граѓаните
    • Мисајловски: Професионалните војници со навршени 45 години ќе можат да избираат меѓу останување во Армијата, трансфер или отпремнина
    • ДЗС: Над старата касарна во Битола отстранети се 1.700 рачни бомби и мини
    • Мицкоски утре во посета на Јурумлери: Почеток на изградбата на нова фаза од вакуумската канализација
    • Трајчулески до Мицкоски: Како Владата гарантира контрола на границите по бегствата и случајот со петте тони дрога
    • Сиљановска-Давкова на средба со словачкиот министер Бланар: Постепената интеграција во ЕУ е важна, но не е замена за полноправно членство
    • Дрвошанов бара одговори за новите гасоводи, професионалните војници и здравствената опрема
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Шест нови случаи на западнонилска треска за еден ден: Регистриран и првиот случај во Куманово

    Шест нови случаи на западнонилска треска за еден ден: Регистриран и првиот случај во Куманово

    26.08.2026 во 16:231 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вкупниот број на заболени од западнонилска треска во земјава достигна 50, откако за само еден ден беа регистрирани шест нови случаи на инфекцијата.

    Меѓу новите пациенти е и првиот потврден случај во Куманово — 65-годишен маж со хронични заболувања кој не патувал во странство. Тој е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје во сериозна здравствена состојба.

    „Здравствената состојба на пациентот е сериозна поради присуство на хронични заболувања, вклучително и дијабетес“, изјави директорот на Центарот за јавно здравје Куманово, Херољинд Сакипи. Надлежните најавија дезинфекција на објектот и теренот каде што престојувало заразеното лице.

    Останатите пет новодијагностицирани пациенти се од скопскиот регион: тројца жители на општина Гази Баба над 70 години, еден 26-годишник од Зелениково и 59-годишен жител на Аеродром.

    Речиси половина од вкупниот број пациенти дијагностицирани ова лето беа хоспитализирани на Инфективната клиника поради тешка невроинвазивна форма на болеста, која може да предизвика воспаление на мозокот.

    Според официјалните податоци, од почетокот на сезоната пет лица во земјата починаа како последица на вирусот. Здравствените власти апелираат за користење заштитни средства и навремена медицинска помош при појава на симптоми.

    Прочитај повеќе

    Василевска во „Колегиум“: Опозицијата користи застарен ПР и води политика спротивна на државните интереси

    29.10.2026 во 19:27

    Над 22.000 преземања за 24 часа: Апликацијата „m.Uslugi“ забележа голем интерес кај граѓаните

    29.10.2026 во 19:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.