Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт
    • Пресврт по неуспешната егзекуција: Криста Пајк се разбуди од кома, свесна е и зборува во болница
    • Безбедносна тревога во Софија: Бугарската претседателка Илијана Јотова свика седница на Советот за национална безбедност
    • 39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово
    • Гостивар: Мајка си го пријавила синот во полиција
    • Крвава пресметка во Идризово: Избоден затвореник пренесен на клиника
    • Му забодел нож во гради на колегата – Детали за крвавата пресметка меѓу возачите на автобуси на кружен тек во Белград
    • Полицијата заплени 94 графички картички без документи кај скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Шест комисии заседаваат во Собранието, на дневен ред повеќе законски измени

    Шест комисии заседаваат во Собранието, на дневен ред повеќе законски измени

    21.07.2026 во 08:012 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Собранието денеска ќе заседаваат шест комисии, кои ќе разгледуваат повеќе предлог-закони од областа на енергетиката, транспортот, високото образование, меѓународната и привремената заштита, како и осигурувањето.

    Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика ќе расправа за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за енергетика, по скратена постапка.

    На седницата на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање ќе се разгледува Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за автокампови, исто така по скратена постапка.

    Комисијата за одбрана и безбедност ќе го разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за меѓународна и привремена заштита, додека пред членовите на Комисијата за финансирање и буџет ќе се најде Предлог-законот за изменување на Законот за супервизија на осигурување.

    Комисијата за образование, наука и спорт, пак, во прво читање ќе ги разгледа предлог-законите за високото образование, за обезбедување квалитет во високото образование и науката и за научноистражувачката дејност.

    Во текот на денот ќе заседава и Законодавно-правната комисија, која ќе одржи две седници. На 185. седница, во прво читање, ќе бидат разгледани предлог-законите за високото образование, за обезбедување квалитет во високото образование и науката и за научноистражувачката дејност. На дневен ред е и Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за продолжување на рокот на кризна состојба поради можни нарушувања во снабдувањето со нафта и нафтени деривати во Република Северна Македонија.

    На 186. седница, по скратена постапка, Законодавно-правната комисија ќе расправа за измените и дополнувањата на законите за енергетика, автокампови и меѓународна и привремена заштита, како и за измените на Законот за супервизија на осигурување.

    Just In
    Прочитај повеќе

    УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт

    06.10.2026 во 23:52

    39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово

    06.10.2026 во 23:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.