Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт
    • Пресврт по неуспешната егзекуција: Криста Пајк се разбуди од кома, свесна е и зборува во болница
    • Безбедносна тревога во Софија: Бугарската претседателка Илијана Јотова свика седница на Советот за национална безбедност
    • 39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово
    • Гостивар: Мајка си го пријавила синот во полиција
    • Крвава пресметка во Идризово: Избоден затвореник пренесен на клиника
    • Му забодел нож во гради на колегата – Детали за крвавата пресметка меѓу возачите на автобуси на кружен тек во Белград
    • Полицијата заплени 94 графички картички без документи кај скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сестрата на Фросина бесна по пресудата: Бљак!

    Сестрата на Фросина бесна по пресудата: Бљак!

    09.06.2026 во 08:562 Mins Read
    Фросина Кулакова, Фејсбук
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Основниот кривичен суд Скопје донесе ослободителна пресуда за З.Ј., сопственик на возилото со кое беше предизвикана кобната сообраќајна несреќа на булеварот „Партизански одреди“. За оваа несреќа веќе е осуден неговиот син, пренесе 4news.mk.

    Според образложението на Судот, сопственоста на возилото не е основа за кривична одговорност во ваков случај.

    „Имено, согласно образложението на пресудата, судот оцени дека кривична одговорност не може да се заснова врз самата околност што обвинетиот е сопственик на возилото и што неговиот полнолетен син управувал со тоа возило без возачка дозвола.“

    По одлуката се огласи и сестрата на Фросина Кулакова, Росица Кулакова.

    -Имам неколку прашања на кои никој уште не ми дал разумен одговор. Ако таткото не знаел дека Васо ја вози колата, како е можно камерите собрани од Обвинителството да покажуваат дека истото возило Васо го управувал речиси секојдневно со месеци пред да ја убие Фросина притоа константно визејќи со брзина поголема од пропишаната?

    Ако не знаел, тогаш како не забележал дека колата секојдневно исчезнува и се враќа? Ако знаел, тогаш зошто не го пријавил? Зошто не презел ништо за да го спречи?

    Во претходен случај во кој Васо предизвикува сообраќајна несреќа со истото возило, ако не се лажам, во Радовиш, правичниот и строг господин – татко изјавил дека му го дал возилото на својот син.

    Во оваа постапка истиот татко одговорно тврди дека НИКОГАШ не му ја давал колата на Васо.

    И сега, која е вистината?

    Не може истовремено и двете. Вистината е една!

    Судот денес одбра да поверува на убедливо кажаната лага наместо на тешката вистина.

    И тоа што најмногу загрижува не е само пресудата, туку пораката што ја испраќа.

    Дека родителот нема никаква одговорност ако со години гледа опасно однесување и не реагира?

    Дека е доволно да кажеш „не знаев“ и покрај сите околности што укажуваат на спротивното?

    Дека никој не треба да одговара за премолчувањето, игнорирањето и дозволувањето ризикот да расте сѐ додека некој не биде убиен?

    Фросина не загина поради една секунда невнимание. Нејзината смрт е резултат на еден долг синџир на неодговорност, толеранција и неказнивост што очигледно продолжува.

    Бљак!, напиша сестрата на Фросина, младата девојка која го загуби животот во несреќата.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово

    06.10.2026 во 23:23

    Гостивар: Мајка си го пријавила синот во полиција

    06.10.2026 во 23:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.