Close Menu
Press24
    Најново

    Јакимовски со спакуван куфер чека бирократија во Шутка

    11.09.2026 во 10:19

    (ФОТО) Реконструкцијата на Старата скопска чаршија во завршна фаза: Инвестиција вредна над 28 милиони денари

    11.09.2026 во 15:17

    Помина тешка недела за возачите – понеделник ќе ни донесе значително поскапо гориво

    11.09.2026 во 09:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Есента им носи вртоглав подем: Овие хороскопски знаци ќе доживеат голем професионален успех, конечно ќе почнат сериозно да печалат
    • Објавена првата постхумна песна на Доли Партон две недели по нејзината смрт
    • Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно партнерство
    • Хегсет: 11 септември е еден од најмрачните денови во американската историја
    • Спиењето на стомак влијае лошо на човековото здравје
    • Стејт департментот нуди награди за информации за лидерите на Ал Каеда
    • Исчезната 84-годишна жена во скопски Илинден
    • Британските пратеници го одбија предлогот за легализација на евтаназијата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Серија апсења низ државата: Физички напади врз сопруги, дедо и малолетно девојче

    Серија апсења низ државата: Физички напади врз сопруги, дедо и малолетно девојче

    19.05.2026 во 15:022 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Шест лица лишени од слобода, вкупно седум пријави за семејно насилство во последното деноноќие

    На 18.05.2026 во 04:30 часот во скопско село на подрачјето на општина Чучер-Сандево, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Н.А.(33) од скопско, по претходна пријава дека околу 03:30 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 33-годишна сопруга.

    На 18.05.2026 во 10:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.Т.(42) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава од неговиот 85-годишен дедо, дека во семејниот дом во село во општина Старо Нагоричане, по кратка расправија, физички го нападнал.

    На 19.05.2026 во 01:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода А.Ќ.(43) и нејзината сестра Е.Ќ.(20), двете од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека во семејна куќа во Куманово физички ја нападнале сопругата на нивниот починат татко.

    На 15.05.2026 во 11:45 часот, 18-годишна тетовка пријавила дека нејзиниот 26-годишен сопруг од неготинско село, преку мобилна апликација ѝ се заканувал.

    На 18.05.2026 во 20:00 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Ѓ.М.(67) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека по кратка расправија во семејниот дом физички ја нападнал неговата 61-годишна сопруга.

    На 18.05.2026 во 19:25 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода М.И. од Дебар, постапувајќи по претходна пријава неговата 23-годишна вонбрачна партнерка од Дебар дека на 15.05.2026 физички ја нападнал во семејниот дом.

    На 18.05.2026 во 21:40 часот во битолско село, полициски службеници од СВР Битола го приведоа И.К.(50) од селото затоа што го нарушил јавниот ред и мир со агресивно и недолично однесување. По извршен службен разговор, тој бил спроведен во здравствена установа. Додека, на 19.05.2026 во 00:35 часот во СВР Битола, неговата 44-годишна жена пријавила дека на 18.05.2026 околу 18:30 часот, агресивно се однесувал во семејниот дом, ѝ се заканувал и физички ја нападнал малолетната ќерка.

    Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

    __________


    Прочитај повеќе

    Засилени контроли за електрични тротинети – 33 прекршоци

    11.09.2026 во 19:59

    ОЈО ГОКК координираше акција поради сомнение за примање поткуп и награда за противзаконито влијание

    11.09.2026 во 19:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.