Close Menu
Press24
    Најново

    Почина легендарниот Мишо Ковач

    31.10.2026 во 21:54

    Еден во болница, еден приведен: Масовна тепачка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички

    31.10.2026 во 21:25

    Гласаа 104 болни и немоќни лица и осум затвореници за изборите за градоначалник во Брвеница

    31.10.2026 во 16:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Почина легендарниот Мишо Ковач
    • Еден во болница, еден приведен: Масовна тепачка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички
    • Гласаа 104 болни и немоќни лица и осум затвореници за изборите за градоначалник во Брвеница
    • Град Скопје организираше бесплатен разглед на Матка и Врело – Орце најавува почести вакви настани
    • Над 5.000 смртни случаи од ебола во Конго
    • Со огнено оружје тројца разбојници ограбиле обложувалница во Чаир
    • Со дрво ја тепал сопругата – полицијата приведе 82-годишник од Велес
    • Фрлал камења и земја на улица во Ѓорче Петров, па нападнал жена која се обидела да го сними
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Седум и пол години затвор за Вангелица Илијевска која со нож ги уби сопругот и свекорот во Кратово

    Седум и пол години затвор за Вангелица Илијевска која со нож ги уби сопругот и свекорот во Кратово

    01.06.2026 во 15:223 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Судскиот совет од Основниот суд во Куманово денеска изрече затворска казна во траење од седум и пол години за обвинетата Вангелица Илијевска, откако таа ја призна вината за убиството на сопругот Јован и свекорот Стојан.

    До пресудата дојде откако Основното јавно обвинителство на денешното рочиште изврши преквалификација на делото од кривично дело „убиство“ по член 123 во „убиство на миг“ по член 125 од Кривичниот законик. Инцидентот се случи пред речиси две години, на 13 јуни 2024 година.

    Јавниот обвинител Газменд Мехмеди појасни дека по изготвеното „психијатриско вештачење во однос на психичката состојба на обвинетата, таа дејствувала во состојба на силна и интензивна, нагласена раздразливост без своја вина на која и претходел напад на сега починатиот сопруг, и поради стравот за нејзиниот интегритет и сопствената безбедност, како и силен интензивен афект кои доминирале врз нејзиниот психички апарат, обвинетата била доведена во состојба на експресија и манифестирање на импулсивно агресивно празнење“.

    Судијата Саша Ѓорѓевиќ пред признанието ја поучи обвинетата дека со овој чекор обжалувањето во иднина ќе може да биде само за суштински прашања и за висината на казната, а нагласи дека таа ќе мора да ги плати и трошоците за обдукција, вештачења и побарувањата на семејството.

    Илијевска го призна делото во судницата, кажувајќи дека дејствувала во афект и дека жали за сторените кривични дела.

    Нејзиниот адвокат, Христијан Георгиевски, во завршните зборови побара да се земе предвид дека обвинетата била 15 години жртва на семејно насилство за што доставиле докази од полицијата и Центарот за социјални работи, како и фактот дека е мајка на две малолетни деца и досега не била осудувана.

    Во изречената казна од седум и пол години затвор ќе се смета и времето поминато во куќен притвор, кој продолжува до правосилноста на одлуката.

    „Моето искуство при делење на правда и конкретниот случај, знам дека од вакви пресуди никој не е задоволен. Во овој случај е илузорно такво нешто да очекуваме. Се надевам дека ако еднакво бидете незадоволно, тогаш тоа е правда“, рече судијата Ѓорѓевиќ, додавајќи дека иако жената мора да биде заштитена од насилство, обвинетата можела да побара помош од институциите или родителите наместо да дојде до овој ужасен настан.

    По изрекувањето на пресудата, адвокатот Георгиевски појасни дека на денешната главна расправа, на изненадување на одбраната, Обвинителството извршило преквалификација на делото врз основа на нивните претходно поднесени 75 материјални докази.

    „По консултацијата со обвинетата одлучивме да ги признае двете кривични дела. Судот изрече по четири години и шест месеци, поединечно за секое од двете дела или вкупно седум и пол години. Имам целосна доверба во судскиот систем. Одбраната продолжува да се бори за сите жртви на семејно насилство, вклучително и на Илијевска“, изјави адвокатот Георгиевски.

    Прочитај повеќе

    Почина легендарниот Мишо Ковач

    31.10.2026 во 21:54

    Со огнено оружје тројца разбојници ограбиле обложувалница во Чаир

    31.10.2026 во 14:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.