Најстудено утрово е на Попова Шапка, каде што се измерени -3 степени и снежна покривка од 57 сантиметри, а температура под нулата е забележана и во Маврови Анови (-1 степен).
Нула степени се регистрирани во Лазарополе и Крушево, 1 степен во Ѓуриште, Пожаране, Радовиш и Пожар, 2 степени во Берово и Тополчани, 3 степени во Претор, 4 во Охрид, Крива Паланка, Битола, Прилеп и Штип, 5 во Виница, Тетово, Струмица и Куманово, 6 степени во Скопје – Зајчев Рид, Велес, Демир Капија и Кавадарци, и 8 степени во Гевгелија.
Според податоците на УХМР, во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнало во Маврови Анови (7 литри на квадратен метар), 6 литри во Битола, 5 литри во Охрид, 3 литри во Претор, Попова Шапка и Берово, 2 литра во Лазарополе, Виница и Тополчани, додека по 1 литар на квадратен метар е измерен во Скопје – Зајчев Рид, Демир Капија, Крушево, Пожаране, Велес, Прилеп, Струмица, Крива Паланка и Штип.
Според прогнозата на УХМР, денеска времето ќе биде под влијание на циклонска активност и ќе има врнежи кои на некои места ќе бидат пообилни, над 20 литри на квадратен метар. Поради спуштање на ладна воздушна маса, врнежите на планините и на повисоките места ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен, повремено силен ветер, кој на поединечни места ќе достигнува и над 70 километри на час. Максималната температура ќе се движи од 7 до 12 степени.
Во Скопје се очекува претежно облачно време со врнежи од дожд и засилен до силен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 10 степени.

