Исчезнато лице во Гостивар се бара и долж реката Вардар од критичните точки во градот кон низводните подрачја. Во акцијата за пронаѓање се вклучени специјални тимови од Дирекцијата за заштита и спасување..
Во потрагата е вклучен Тимот за брз одговор (ТБО) за спасување на води, со логистичка поддршка од Подрачното одделение на ДЗС – Гостивар.
Од Центарот за управување со кризи апелираат до граѓаните кои имаат информации за исчезнатото лице или ќе забележат нешто покрај коритото на реката, веднаш да пријават во полиција или на телефонскиот број 112.

