Се претставил како директор па му префрлиле 180.000 евра

Измамник во германскиот град Швандорф, успеал да ги убеди вработените во една банка, да му префрлат пари претставувајќи се како директор.

Тој се јавил на телефон и се претставил како директор на една институција по што побарал да му бидат префлени 180.000 евра.

Банката ги исплатила парите пред нивниот сметководител да го забележи невообичаениот пренос на пари и да го прекине натамошното префрлање средства. Одговорниот вработен се јавил во банката најбргу што можел, па полицијата го презела случајот.

Банката успеала да врати дел од парите.

Со цел поголема безбедност во платежните трансакции, банката соопшти ќе се воведе нов начин на проверка на телефонската автентикација преку апликација за мобилен телефон.

06.02.2024 - 11:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега