Украински функционер: Изјавата на Трамп беше неочекувана

 

Украинските власти не навестија „ниту еден ден“ од почетокот на војната дека би можеле да се согласат да го признаат Крим како руски, изјави советник на украинскиот министер за стратешки индустрии.

Во интервју за Sky News, Јуриј Сак рече дека изјавата на Доналд Трамп на социјалната мрежа Truth Social, во која тој го критикува Володимир Зеленски, е „неочекувана“, но и дека е „бесмислено дури и да се разговара за овие теми додека Русија не се согласи на барем прекин на огнот“.

На прашањето за можноста САД да се откажат од обидите за посредување во мирот, Сак рече дека тоа би било „стратешки погрешно“, но нагласи и дека Украина е подготвена за сите сценарија.

Мора да бидеме подготвени за секоја ситуација и мислам дека заедно со нашите европски партнери на кои сме многу благодарни, ќе успееме да дојдеме до посакуваната цел – мир, без разлика на се“, рече Сак.

На прашањето дали верува дека наскоро е можен мировен договор, Сак рече дека „нема воено решение за оваа војна“. „Мораме да бидеме трпеливи, мораме да ги почитуваме нашите партнери и да се слушаме“, додаде тој.

23.04.2025 - 22:31

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега