Ѓорѓиевски по состанокот во Влада: Ќе пуштиме повеќе инспектори на терен
Заштитата на животната средина и обезбедувањето на почист воздух се меѓу клучните приоритети на локалната и централната власт, а заложбите се реализираат преку конкретни мерки. Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, денес упати јасна порака за важноста на здруженото дејствување и координацијата, учествувајќи на дискусијата во Владата на Република Македонија, на покана на министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.
-На покана на министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, денес во Владата на Република Македонија присуствував на дискусијата која беше во насока на преземање на конкретни чекори во борбата против загадувањето на воздухот. Планската програма за почист воздух 2024 - 2030, која содржи конкретни проекти е добра основа за заштита на нашите граѓани од штетните еколошки влијанија.
Она што следува е зачестени контроли од инспекторатите на терен, нови еколошки извори на енергија, намалување на процентот на загревање со материјали кои не се соодветни за тоа итн.
Со добра координација помеѓу сите институции, како што впрочем тоа сега е пракса — убеден сум дека овие наши заложби ќе вродат со плод-истакна Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа