Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека почнувајќи од 12 октомври, Европската Унија ќе започне со постепено воведување на Системот за влез/излез кој ќе биде целосно имплементиран до април идната година.
Системот треба да го замени класичното ставање на печати во пасошите со електронска евиденција на биометриските податоци заедно со точните времиња на влез и излез.
Системот се однесува на сите државјани од земји кои не се членки на Европската Унија или Шенген зоната и кои патуваат без виза за краток престој до 90 дена во 6 месеци. Тоа значи дека секој што ќе влезе во некоја од земјите членки на Европската Унија по 12 октомври ќе подлежи на процес на регистрација кој вклучува фотографирање, скенирање на отпечатоци од прсти и внесување на податоци од пасошот.
За да се олесни процедурата, на граничните премини ќе има и пунктови за самопослужување, а можно е и претходно предрегистрирање преку мобилни апликации. Откако ќе се регистрирате, при следните патувања, контролата ќе биде значително побрза бидејќи податоците веќе ќе бидат складирани во системот и ќе се врши само нивна проверка.
Во периодот од октомври до април 2026 системот ќе се воведува по фази. Тоа значи дека дел од патниците сè уште ќе добиваат печат во пасошите, додека постепено сите гранични премини не преминат на целосна дигитална евиденција. Од 10 април идната година, печатите во пасошите целосно ќе бидат заменети со електронски записи.
- Пресврт по неуспешната егзекуција: Криста Пајк се разбуди од кома, свесна е и зборува во болница
- Безбедносна тревога во Софија: Бугарската претседателка Илијана Јотова свика седница на Советот за национална безбедност
- 39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово
- Гостивар: Мајка си го пријавила синот во полиција
- Крвава пресметка во Идризово: Избоден затвореник пренесен на клиника
- Му забодел нож во гради на колегата – Детали за крвавата пресметка меѓу возачите на автобуси на кружен тек во Белград
- Полицијата заплени 94 графички картички без документи кај скопјанец
- Скопјанец со мотоцикл удрил полицаец откако му дал знал за запирање

