Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Се гради пругата кон Бугарија – За тунелот позитивни сигнали од Софија

    Се гради пругата кон Бугарија – За тунелот позитивни сигнали од Софија

    02.06.2026 во 10:042 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вицепремиерот Александар Николоски вели дека се работи на изградба на пругата кон Бугарија, а дека за тунелот веќе се добиени позитивни сигнали од Софија.

    „Проблемот со Бугарија во однос на пругата е решен. Тоа беше чисто технички проблем. Добиваме позитивни сигнали за тунелот, штом колегите од Бугарија се подготвени, ќе работиме и на граничниот тунел“, информира вицепремиерот Николоски во поткастот „Риштази“.

    Тој појаснува дека во ноември е потпишан меѓудржавен договор со тогашниот вицепремиер и министер за транспорт Гроздан Караџов, а по формирањето на новата влада во Бугарија пристигнуваат сигнали за продолжување на соработката.

    Николоски наведува дека од македонска страна се работи на сите делници од железничкото поврзување: од Скопје до Куманово, потоа од Куманово до Белјаковце, каде делницата беше пуштена во јануари 2025 година, како и на делницата од Белјаковце до Крива Паланка.

    За третата делница, од Крива Паланка до границата со Бугарија, тој информира дека веќе е објавен тендер за надзор, а во наредните недели се очекува тендер за избор на изведувач, со поддршка од Европската инвестициска банка.

    „И штом колегите од Бугарија се подготвени, ќе работиме и на граничниот тунел. Таму се сложивме да градиме по наш проект и да имаме некаде 2031 или 2032 година поврзување Скопје – Софија“, додава Николоски.

    Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот правиме корекции согласно реалните економски услови- нашата цел е Буџетот да остане одржлив и развоен

    22.10.2026 во 20:31

    Просечната нето-плата во август 48.733 денари

    22.10.2026 во 20:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.