Министерот за внатрешни работи Тошковски денеска јавно изјави дека започнало хиперхлорирање на водата во Гостивар. Министер за полиција најавува хлорирање на вода за пиење. Каде го има тоа? Што ни кажува ова за стручноста на луѓето кои денес одлучуваат за јавното здравје на граѓаните на Македонија?, се наведува во соопштението од СДСМ.
-Кога директор на Фондот за здравствено осигурување е спортски тренер, а хлорирањето на водата го најавува министерот за внатрешни работи, тогаш е јасно во какви раце е оставено здравјето на луѓето.
Во исто време:
• Мицкоски се занимава со отворање базен,
• Градоначалникот на Скопје се занимава со билборди со вештачка интелегенција,
• А граѓаните во четири града за три дена дознаа дека пиеле или сеуште пијат загадена вода.
Гостивар. Валандово. Лешок. Крушево.
Во болниците има пациенти кои се третираат со вода што не е безбедна за пиење.
Цели населби се оставени без чиста вода. А власта наместо стручни лица испраќа министер за полиција да објаснува за хлорирање, велат од партијата.
Велат, „оваа организирана криминална група ВМРО за две години успеа да направи економски колапс и целосна изолација на земјата. Сега, изгледа, сакаат и физички да ја отрујат”.
-Нестручност. Незнаење. Партиски кадри на места каде што треба компетентност и одговорност.Прашањето повеќе не е дали има проблем. Прашањето е: кој е следен град на листата?, стои во соопштението на СДСМ.


