УХМР ги објави температурите во градовите низ Македонија. За разлика од претходните денови кога претпладне температурите веќе беа и над 30 степени, денеска највисоката температура е 24 степени.
И при падот на температурите, Гевгелија е повторно најтопло место со 24 степени во 11 часот.
Најниска температура е измерена на Попова Шапка, само 6 степени Целзиусови.
Во Скопје денеска се измерени 19 степени, што претставува значителен пад на температурите и заладување.
Денес времето ќе биде променливо облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд, кои на одделни места ќе бидат пообилни (над 15 l/m²). Локално се очекува нестабилна атмосфера со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а долж Повардарието повремено ќе се засилува и ќе достигнува брзина над 50 km/h.

Прогноза за наредните денови: За време на викендот се очекува стабилно и суво време. Во понеделник повторно се најавуваат врнежи од дожд со можност за локална нестабилност, додека од вторник следува стабилизирање на времето и постепен пораст на дневните температури.