Додека Мицкоски свечено отвора базен во Кавадарци, половина Македонија нема безбедна вода за пиење. Гостивар. Валандово. Болницата во Лешок. Сега и во Крушево водата е бактериолошки неисправна, истакна на прес-конференција Симона Цветановски, членка на Извршниот одбор на СДСМ.

-За само неколку денови имаме четири града, со загадена вода за пиење. Ова е најдраматичен доказ за целосниот системски распад на здравството и институциите под власта на Мицкоски и неговата Организирана криминална група. Прашањето е колку градови уште пијат неисправна вода? Институциите повеќе не ја извршуваат ниту својата најосновна обврска – да ги заштитат животот и здравјето на граѓаните. Здравствениот систем е оштетен, институциите се нефункционални, а власта на Христијан Мицкоски нема ниту капацитет ниту одговорност да се справи со сериозните закани по јавното здравје, вели таа.

Вели, директор на Фондот за здравствено осигурување е човек чие образование е тренер, минстер за полиција го праќа да објаснува за хлорира вода, министерот за здравство ги навредува лекарите затоа што ја изнесоа вистината.

-Ова е огледало на целиот системски колапс. Последица на нестручност и незнаење. Оваа организирана криминална група ВМРО за две години успеа да направи економски колапс и целосна изолација на земјата. Сега, изгледа, сакаат и физички да ја отрујат. За труењето на народот одговорност мора да има, политичка и кривична, велат СДСМ.

Министерот за здравство Сашо Клековски, директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Оливер Миланов треба да поднесат оставки веднаш!, бараат од партијата.

1.СДСМ бара итно објавување на сите анализи за квалитетот на водата!

2.Целосна истрага за непостапувањето на надлежните институции и

3.Одговорност од сите што знаеле, молчеле и го загрозиле здравјето на граѓаните.

Exit mobile version