СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ застана против интересот на земјоделците со одбивањето на амандманите на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ застана против интересите на земјоделците со одбивањето на трите клучни амандмани предложени од СДСМ, велат од СДСМ.

„Со првиот амандман на СДСМ се обезбедуваше дополнителна поддршка од 200 милиони денари за производителите на пченица преку Интервентниот фонд. Овој амандман беше отфрлен од ВМРО-ДПМНЕ.

Со одбивањето на амандманот ВМРО-ДПМНЕ директно ги загрозува земјоделците кои се соочуваат со ниски откупни цени и ја доведува во прашање посветеноста на Владата кон стратешки важната култура пченицата.

Со вториот амандман на СДСМ се обезбедуваа дополнителни 2 милијарди денари за авансна исплата на субвенции за 2024 година. Но и овој амандам тој исто така беше отфрлен од ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа е многу значајна мерка за земјоделците, затоа што обезбедува авансна и навремена финансиска поддршка на земјоделците, но за жал целосно е игнорирана од ВМРО-ДПМНЕ со што покажаа рамнодушност кон потребите на земјоделците.

Третиот амандман на СДСМ се однесуваше на обезбедување на финансиски средства за непречена имплементација на ИПАРД 2 и ИПАРД 3 програмите. И овој амандман ВМРО-ДПМНЕ го одби.

Со ова ВМРО-ДПМНЕ не само што ги загрозува тековните проекти, туку и ризикува да предизвика финансиски загуби за земјата поради потенцијални пенали од Европската комисија.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ јасно покажува дека не е заинтересирана за поддршка на земјоделците, ниту за одговорно искористување на европските фондови. Нивните постапки ги загрозуваат економската стабилност на земјоделците и ја спречуваат модернизацијата и развојот на земјоделскиот сектор во земјата“, стои во соопштението на СДСМ.

01.08.2024 - 13:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега