Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Детали: Приведениот обвинител од Прилеп ургирал во 4 предмети и барал пониски казни – колегите го снимале цело време

    07.10.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: Левица не се појави во салата кога се гласаше за минимална плата од 600 евра
    • Сончево и топло до крајот на неделата – за викендот вистински пресврт
    • Акција на полицијата за време на кошаркарски натпревар во Аеродром: Фатени лица со пиротехника
    • Малолетничка пријавила дека била физички и психички малтретирана – Уапсени тројца членови на семејство од гостиварско
    • Кристи Пајк се освести и почна да зборува – единствената личност во САД која преживеа смртна казна
    • „Оперирал“ низ Аеродром, полицијата му најде 12 украдени велосипеди
    • Клековски: Сериите на БСЖ-вакцината се искористени до јуни годинава, без документирани несакани ефекти
    • Ѓорѓиевски: Во тек е конструкција на паркот „Жена Борец“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Со Мицкоски Македонија забрзува кон пропаст

    СДСМ: Со Мицкоски Македонија забрзува кон пропаст

    22.06.2026 во 09:05Updated:22.06.2026 во 11:192 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Две години по доаѓањето на власт на Христијан Мицкоски и ВМРО-ОКГ, ветувањата дадени пред граѓаните останаа само празни зборови, пишува во денешното соопштение на СДСМ.

    Анализата на програмата „Платформа #1198“ покажува дека по две години дури 90% од ветувањата не се исполнети.

    Мицкоски и ВМРО ветуваа повисок животен стандард, а денес паричниците и фрижидерите на граѓаните се попразни.

    Ветуваа пониска инфлација од 2,5%, а цените на храната растат, инфлацијата е 4,8% двојно повисока од просекот во Европа.

    Ветуваа повеќе странски инвестиции, а странските инвестиции паднаа за речиси две третини.

    Ветуваа нови работни места и повисоки плати, а граѓаните се соочуваат со зголемена сиромаштија од 22% и намалена куповна моќ.

    Ветуваа намалување на задолжувањето а ги зголемија долговите за 2,5 милјарди евра.

    Ветуваа поддршка за земјоделците од 180 милиони евра, а субвенциите ги намалија за 40 милиони евра.  Намалени субвенции, намален откуп, неизвесен пласман и целосно отсуство на системска грижа.

    Ветуваа мерки за младите да не се иселуваат, ништо не направија.

    Ветуваа искоренување на корупцијата и правда за сите, а јавноста е сведок на тендерски скандали тешки над 150 милиони евра, партизација на институциите, контрола на правосудството.

    Ветуваа напредок кон Европската Унија и реформи, а Македонија денес е со блокиран европски пат. Нема реформи, нема резултати, нема напредок, има само изолација.

    Резултатот на остварените ветувања на Мицкоски е НУЛА!

    Нула во реформите. Нула во подобрувањето на животниот стандард. Нула во зголемувањето на платите. Нула во мерките за младите. Нула во поддршка за земјоделците. Нула во европскиот пат.

    Со Мицкоски Македонија забрзува кон пропаст.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    СДСМ: Левица не се појави во салата кога се гласаше за минимална плата од 600 евра

    07.10.2026 во 16:38

    Каранфилова – Пановска: Светска банка му ја избриша таблата на Мицкоски, не сме „трета економија“ во Европа

    07.10.2026 во 12:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.