Close Menu
Press24
    Најново

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини

    20.10.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Завршен собир на Студентската листа во Белград: Под мотото „Победата повикува“ одржан завршен митинг на Славија
    • Разорен ракетен напад врз Киев и 12 региони: Две лица загинаа, десетици повредени во ноќните напади
    • Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон
    • Силен земјотрес од 7 степени според Рихтер го погоди северен Тибет
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Се потврдија лагите – Мицкоски не го врати името и не го укина Преспанскиот договор

    СДСМ: Се потврдија лагите – Мицкоски не го врати името и не го укина Преспанскиот договор

    01.06.2026 во 10:202 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Од СДСМ соопштија дека истекол рокот што, како што наведуваат, самиот Христијан Мицкоски го поставил пред граѓаните за исполнување на сите точки од Реформската агенда до 1 јуни.

    Во соопштението се додава дека, според СДСМ, уште едно ветување на Мицкоски останува неисполнето.

    Уште една лага на Мицкоски е разобличена, не се исполнети сите точки од Реформската агенда. Христијан Мицкоски дојде на власт со лаги и продолжува да лаже. 

    Ветуваше дека ќе го врати името, дека ќе го укине Преспанскиот договор, дека ќе обезбеди подобри преговарачки услови, поголеми странски инвестиции и подобар животен стандард.

    Најмногу лажеше дека јазикот, културата и македонскиот национален идентитет се загрозени.

    После две години власт на Мицкоски нивните лаги се разобличени.

    Мицкоски го нарече Преспанскиот договор ремек-дело на дипломатијата. Гордана Сиљановска призна дека македонскиот јазик, култура и идентитет се заштитени и апсолвирани. Тимчо Муцунски призна дека членството во НАТО е „феноменална работа“ која создава поволна клима за инвестиции.

    Во меѓувреме, странските директни инвестиции паднаа за над 60 проценти. Економијата стагнира, нема зголемување на минималната плата на 600 евра, инфлацијата е повисока од европскиот просек, а граѓаните секој ден сè потешко врзуваат крај со крај. 

    Не го вратија името. Не го укинаа Преспанскиот договор. Не обезбедија подобри услови. Не ги исполнија реформите за ЕУ. 
    Наместо напредок, донесоа застој, изолација и разочарување.

    Top News
    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.