Close Menu
Press24
    Најново

    Земјотрес ја погоди Србија

    29.10.2026 во 22:57

    Купил возачка дозвола за 1.000 евра и тргнал на пат – Украинец уапсен на граница во Црна Гора

    29.10.2026 во 22:56

    Дронови потопија брод кај бугарскиот брег, екипажот е спасен

    29.10.2026 во 22:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Земјотрес ја погоди Србија
    • Купил возачка дозвола за 1.000 евра и тргнал на пат – Украинец уапсен на граница во Црна Гора
    • Дронови потопија брод кај бугарскиот брег, екипажот е спасен
    • Доаѓа Митровден – Што значи ако врне, а што ако сонце грее
    • Се урна хеликоптер во близина на Брчко, загинаа 4 лица, неколкумина се повредени
    • Бројот на жртвите од железничката несреќа во Шпанија се искачи на 74, истрагата ги утврдува причините
    • Ја бранел ќерка си од бившиот партнер, па завршил избоден – хорор во соседството
    • Почина легендарниот актер Патрик Стјуарт
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ обвинува: 9 милиони евра тендери за фирма со двајца вработени, отворена пред една година

    СДСМ обвинува: 9 милиони евра тендери за фирма со двајца вработени, отворена пред една година

    30.11.2025 во 11:401 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Фирмата „Дигитал оне“, која има само двајца вработени и е формирана пред една година, добила државни тендери во вредност од скоро 9 милиони евра во период од само шест месеци, обвини денеска генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ.

    Според опозицијата, компанијата е регистрирана за трговија со информатичка опрема, но нема историја ниту портфолио. Од мај до ноември 2025 година, таа склучила шест договори, од кои четири се директно со Генералниот секретаријат на Владата.

    Најспорен за СДСМ е последниот договор – рамковна спогодба за софтверски лиценци за виртуелна платформа вредна 8 милиони евра. Димитријевиќ јавно праша дали сопственикот Кристијан Арсовски е во роднинска врска со поранешниот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Димса Арсовски.

    „Фирма без историја, без искуство, без портфолио – регистрирана за трговија со информатичка и комуникациска опрема добива речиси 9 милиони евра за само 6 месеци. Или по 1,5 милиони евра месечно. Основана е од извесен Кристијан Арсовски и има само двајца вработени. Да, добро слушнавте, 2 вработени, со речиси 9 милиони евра добиени пари од граѓаните. (…) Ако ова не е класична шема за испумпување на парите на граѓаните преку фирми блиски до власта тогаш што е?“, праша Димитријевиќ.

    Прочитај повеќе

    Андоновски: Во 2027 година се очекува поставување на камен-темелникот за Националниот дата центар

    29.10.2026 во 20:46

    Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата

    29.10.2026 во 19:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.