СДСМ: Ние ќе продолжиме да бидеме опозиција во Град Скопје
Во однос на функционирањето на градот, координаторката на советничката група на СДСМ, Љубица Јанчева посочи дека одговорност за она што се случува е кај ВМРО ДПМНЕ но и кај градоначалничката Данела Арсовска.
„Она што денес се случува е она што ние како партија упорно го укажувавме не само за Град Скопје туку и за секоја општина која е водена од ВМРО-ДПМНЕ. Оваа партија е истата нереформирана партија која не мисли на граѓаните туку мисли само на сопствениот интерес.“ порача Јанчева.
Граѓаните на последните избори одлучија СДСМ во Град Скопје да биде опозиција, така ќе продолжиме да дејствуваме, порача координаторката на советничката група на СДСМ и коалицијата во Град Скопје, Љубица Јанчева.
Јанчева додаде дека во овие десет месеци советниците од СДСМ работи во интерес на граѓаните и дека поддржувала и ќе поддржува се што е во интерес на граѓаните и градот Скопје.
Јанчева потсети дека локалната власт на ВМРО ДПМНЕ во изминатиот период намерно ја сопре реализацијата на стратешките проекти како што е БРТ системот, мостот во Аеродром, на Љубљанска но и многу други, важни за скопјани.
15.09.2022 - 08:38
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа