СДСМ: Нема промена на командирот на граничниот премин Ќафасан

„ВМРО-ДПМНЕ партијата во заложништво на Димитар Апасиев и Левица продолжува да одработува за туѓи интереси и да нанесува штети врз институциите. Додека државните институции се под хибридни напади ВМРО-ДПМНЕ со лаги и конструкции го напаѓа Министерството за внатрешни работи.

Токму таков е и денешниот напад со лагите за нов командир на Граничниот премин Ќафасан“. Овие пораки ги испраќаат од владејачката СДСМ, во врска со прес-конференцијата на Зоран Коцевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Лага е дека командир на овој граничен премин пред три месеци било поставено лице со отслужена затворска казна за криумчарење.
Како што објави МВР нема никаква промена  на командирот, туку напротив, подолг период командир на ГП Ќафасан е лице кое е докажан професионалец со одлични резултати во работењето.

ВМРО-ДПМНЕ не знае ништо освен да шири лажни вести и да измислува конструкции со цел да им наштети на државата и институциите“, стои во реакцијата на владејачката СДСМ.

14.12.2022 - 16:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега