Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Мицкоски ги спаси Стоилковиќ и Китановиќ

    СДСМ: Мицкоски ги спаси Стоилковиќ и Китановиќ

    02.09.2026 во 09:23Updated:02.09.2026 во 09:362 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Од СДСМ велат дека по скандалот со величењето на воениот злосторник Ратко Младиќ нема ниту оставки ниту разрешувања на Иван Стоилковиќ и Далибор Китановиќ.

    „Мицкоски ги спаси. Не требало да се бара кривична одговорност, вели Мицкоски, доволно било што го избришал својот став. Секоја изјава на Мицкоски е скандал сама по себе“, велат од СДСМ.

    Оттаму обвинуваат дека „законот не важи за министрите и директорите на Мицкоски, ниту за самиот Мицкоски“, додавајќи дека тој одлучува дали некој треба кривично да се гони.

    „Бришењето на објава од профилот на социјалните мрежи не значи бришење на став. Бришењето на објавата не може да ја избрише историјата и не може да ја избрише пресудата за воени злосторства на осудениот Младиќ“, велат од СДСМ.

    Од партијата додаваат дека без оставки и разрешувања на Стоилковиќ и Китановиќ „значи дека тие останале на истиот став дека Младиќ е нивен генерал“.

    „Со тоа што Мицкоски ги штити, потврди дека Младиќ е и негов генерал. Знаевме дека Младиќ е генерал на Вучиќ. Сега знаеме дека е и на Мицкоски“, стои во реакцијата.

    СДСМ го обвинува и директорот на Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на заедниците, Мирослав Тричковиќ, за објавување, како што велат, „гнасни текстови полни со тешки навреди и говор на омраза“ кон СДСМ и претседателот Венко Филипче.

    „Кампањата ‘Талог’, полна со навреди за граѓаните, поделби и сеење омраза, е во полн ек. Тоа е екипата на Стоилковиќ. Тоа е екипата на Мицкоски, а сите заедно се екипата на Вучиќ“, велат од СДСМ.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.