Close Menu
Press24
    Најново

    Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

    07.07.2026 во 23:01

    По 25 години – нов етички кодекс за новинарите

    07.07.2026 во 22:44

    Фредериксен: Гренланд не е на продажба

    07.07.2026 во 22:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години
    • По 25 години – нов етички кодекс за новинарите
    • Фредериксен: Гренланд не е на продажба
    • Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството
    • Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите
    • Конески: Владината мерка за студентско практикантство ќе ги доближи младите до институциите
    • Нова дигитална алатка: „Where Are You“ пристигнува за граѓаните
    • Во четврток почнува судскиот процес за серискиот убиец од Старо Нагоричане
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Мицкоски бара алиби за неисполнување на реформите и ги лаже граѓаните, без уставни измени нема ЕУ

    СДСМ: Мицкоски бара алиби за неисполнување на реформите и ги лаже граѓаните, без уставни измени нема ЕУ

    16.05.2026 во 10:284 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Опозициската партија СДСМ преку официјално соопштение упати низа критики до премиерот Христијан Мицкоски и владејачката коалиција, обвинувајќи ги за манипулација со јавноста и застој во евроинтегративните процеси. Во соопштението, кое МИА го пренесува интегрално, се тврди дека власта се обидува да најде изговор за неисполнетите обврски од реформската агенда.

    „По признанијата на Христијан Мицкоски, Тимчо Муцунски, Гордана Сиљановска дека Преспа е ремек-дело на дипломатијата, дека јазикот, културата и македонскиот национален идентитет се апсолутно заштитени и дека НАТО е нешто најдобро што Македонија го добила бидејќи обезбедува апсолутна безбедност и создава клима за инвестиции, останува фактот дека Мицкоски и неговата криминална организација не направија ништо на полето на завршување на реформската агенда повеќе од две години. Сега бараат алиби, бидејќи до 1 јуни останаа 15 дена и тие не можат да ги исполнат преостанатите точки, бидејќи за неколку точки им беа потребни 2 години. Сега најавува Мицкоски дека ќе испорача 9,5 од 10, или сепак 7 или 8 точки. Бројките одат како томбола. Никому не му е јасно освен нему, кој по кој знае кој пат ЛАЖЕ!“

    Од СДСМ потенцираат дека клучниот услов за продолжување на македонските евроинтеграции останува непроменет и дека тоа не е билатерално прашање со Бугарија, туку обврска кон Европската Унија.

    „Но Мицкоски не сака да ја каже главната работа. Без зміни на Уставот, без малцинства во Уставот, нема ни 7, 8, ниту 9,5 или 10 исполнети. НЕМА НИШТО! Она што го крие е дека без малцинства во Уставот нема поместување од мртва точка. Нема продолжување на ЕУ интеграциите без разлика на исполнувањето на останатите точки од агендата. Прашањето на малцинствата не е прашање на Бугарите, тоа е прашање на сите малцинства во Македонија. Ние не преговараме со Бугарија, туку со ЕУ. Со сите 27 земји членки и услов се малцинствата! Малцинствата не се само Бугари, туку и Срби, Хрвати, Роми, Бошњаци, Турци, Албанци… сите наши соседи, пријатели, колеги, роднини… сите тие се граѓани на Македонија.“

    Партијата го повикува премиерот да го искористи парламентарното мнозинство за кое самиот тврди дека го поседува, со цел да ги заокружи ветените процеси и да покаже искрена волја за влез во Унијата преку конкретни чекори, вклучително и прашањето за екстрадиција на Никола Груевски.

    „Како што рече дека има мнозинство и дека тоа го докажал повеќе пати, како што рече дека сами без СДСМ ќе ги завршат реформите и дека СДСМ не им е потребен – нека ги завршат реформите. Како што сè изгласа сам, без СДСМ, како што ја укина Техничката влада без консензус и меѓународната заедница, сега нека ги заврши сите точки од агендата… Нека ги испратат документите за екстрадиција на Груевски, за да ѝ покажат на Европа и на граѓаните дека сакаат ЕУ. Не можеме во ЕУ, а да штитиме бегалци, симболи на криминал и корупција во Македонија. Мицкоски и неговата банда не сакаат ЕУ. Не сакаат европски закони, не сакаат европско правосудство, не сакаат Европско обвинителство, бидејќи тогаш мора да се одговара за криминал и корупција.“

    На крајот од соопштението, опозицијата го обвинува ВМРО-ДПМНЕ и нивниот коалициски партнер ЗНАМ за уназадување на демократските стандарди, слободата на медиумите и за ширење лажни ветувања.

    „Не сакаат слободни медиуми, бидејќи тогаш нема лажни вести, измислени афери и навредување на политички противник. Нема труење на медиумскиот простор, туку – ВИСТИНА! Мицкоски и криминалната група ВМРО и нивниот партнер од тендер коалицијата ЗНАМ не сакаат да одговараат. Нека излезат и да им кажат на граѓаните на Македонија дека НЕ САКААТ ЕУ! Нека им ја кажат еднаш вистината, а не да лажат дека Преспанскиот договор не чини, да лажат дека ќе го вратат името и дека секогаш некој друг им е виновен. Доста беа лагите на Мицкоски и неговата банда! Ние алиби нема да им дадеме. Доаѓа време на вистина, правда и одговорност.“

    Прочитај повеќе

    Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството

    07.07.2026 во 22:02

    Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите

    07.07.2026 во 21:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.