Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    СДСМ: Земјоделецот плаќа повеќе а не добива ништо – Мицкоски гледа за дата центри и антимон

    20.09.2026 во 12:41

    Ивон Величковски: Кое е тоа Собрание што ќе гласа против 150 или 300 илјади граѓани за ЕУ?

    20.09.2026 во 12:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра – луѓето не можат да врзат крај со крај
    • Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар
    • Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес
    • Мисајловски во посета на Словенија: Средба со дијаспората пред состаноците на министрите за одбрана
    • Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
    • Камен пијан Мексиканец се степал со полицаец во Ѓорче Петров
    • Загина 17 годишна девојка: 7 годишно дете и тројца возрасни повредени во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
    • Утре локални врнежи и услови за невреме
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Изјави на ВМРО-ДПМНЕ кои потврдуваат дека ќе има мигранти

    СДСМ: Изјави на ВМРО-ДПМНЕ кои потврдуваат дека ќе има мигранти

    13.12.2025 во 09:502 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Дека има план за примање мигранти во Македонија не откриваат само британските и светските медиуми, тоа се чита и од изјавите на ВМРО-ДПМНЕ и нивното однесување во последните две недели, велат од СДСМ.

    „1. Премиерот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ одбиваат да ја потпишат Резолуцијата. Само со една одлука на Собранието граѓаните може да бидат сигурни дека мигранти во Македонија нема да има. Но ВМРО-ДПМНЕ не ја потпишува. Едноставно е, ако нема скриена агенда за мигрантите, досега Резолуцијата ќе беше потпишана.  

    2. Изјавата на Мицкоски дека до пролет нема да има мигранти. Зошто само до пролет, а после? Значи мигранти до пролет не ама може во јуни, после избори.

    3. Изјавата на премиерот Мицкоски дека нема да има „нелегални мигранти“. Нормално затоа што овие што ги планираат ќе бидат „легални“, вклучени во пазарот на трудот, сместени во станови. 

    Одиме понатаму.

    4. Изјавата на Мицкоски дека на локално ниво општините треба да носат одлуки одбегнувајќи го Собранието да донесе одлука на централно ниво како највисок државен орган над сите општини. Зошто некој би бегал од одлука во Собрание и би сакал да ја префрли на општините кои немаат соодветна надлежност ако нема скриена намера?

    5. Изјавата на Антонио Милошоски дека странските работници кои доаѓаат преку дозволи и агенции немаат никаква врска со азиланти и мигранти.  Значи ВМРО-ДПМНЕ статусот од мигранти ќе го преименуваат во „економски работници“.

    6. Изјавите на Андоновски, дека ниту СДСМ ниту претседателот Филипче не треба да критикуваат за мигранти бидејќи гласале во минатото за прифатни центри за странци. Иако ова е чиста лага на Андоновски го потврдува планот на власта за мигранти преку обиди за дефокусирање од клучното: одбивањето на ВМРО-ДПМНЕ да ја потпише Резолуцијата која е целосно решение за проблемот.

    Еве ги сите аргументи во неколку точки. 

    Затоа не ја потпишуваат Резолуцијата!“, се вели во соопштението на СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Во Македонија веќе не се живее – ни 1.500 евра месечно не се доволно

    20.09.2026 во 13:32

    Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

    20.09.2026 во 13:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.