Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Сите ќе одговарате – ќе го објавиме целиот систем на лаги

    СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Сите ќе одговарате – ќе го објавиме целиот систем на лаги

    07.12.2025 во 13:282 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Кога воопшто имало какви било промени во ВМРО-ДПМНЕ откако партијата ја презедоа Никола Груевски и Сашо Мијалков?, прашуваат од СДСМ.

    Освен медиумска промоција на наводни промени, ништо, буквално ништо не се има поместено ниту еден милиметар во ВМРО-ДПМНЕ. До ден-денес. 

    Кој не разбира дека изјавите „во наредните шест месеци ќе има промени“ се лага нека размисли: планираат избори на пролет, за какви промени зборуваат?

    Мицкоски се обидува да копира нешто од промените во СДСМ ама само како шминка. Неговата намера е поинаква.  Ќе ги турка своите козметички финти во партијата, како што го прави и во Владата. Иста приказна, само поинакво пакување.

    На Мицковски, познат како Мицко Антикорупцискиот тим на СДСМ му дише во врат, нему и на сите негови криминалци. 

    Се открива дека Мицковски е на врвот на организираната криминалната група наречена ВМРО-ДПМНЕ во Македонија. 

    Ама Главниот шеф е во Будимпешта. 

    Оваа група делува на територијата на целиот Балкан. Истото се случува и во Србија веќе подолго време. Народот таму се крена. Наскоро ќе ги откриеме нивните поврзаности.

    Зошто се подготвуваат за избори на пролет? 

    Сакаат по секоја цена да се обидат, на било каков начин, не бирајќи средства ниту методи, да обезбедат уште четири години власт. А во тие четири години да си обезбедат амнестија за себе, целосно да ја изолираат Македонија, да продолжат да крадат, да ја претворат во азил центар за сите свои криминални членови.

    Тоа особено важи за нивниот шеф, кој доколку дојде до промени во Унгарија, ќе ја загуби заштитата од Орбан.

    Затоа намерно се работи на тоа да нè заобиколуваат коридорите, да се пропуштаат мигранти, да се стопира европскиот пат преку конфликти и измислување нови услови.

    На граѓаните тоа мора да им стане јасно.

    Сè ова е старата приказна кога крадецот вели „држете го крадецот!“

    Наскоро ќе го објавиме целиот систем на лаги.

    Граѓаните бараат правда!

    Работата не е завршена!

    Сите ќе одговараат, реагираат од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.