Close Menu
Press24
    Најново

    Силен звук го прекина мечот Вардар – НАНТ во Јане Сандански

    16.09.2026 во 19:48

    Интервентна полиција влезе во Арачиново – Фатен криминалец кој бил во бегство

    16.09.2026 во 10:09

    Ќе може да си купите стаж – добри вести за сите на кои им фали стаж за пензија

    15.09.2026 во 09:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • САД ја отстранија Венецуела од листата на земји кои не успеваат ефикасно да се борат против трговијата со дрога
    • Ѓорѓиевски: Сериозни технички недостатоци откриени на жичницата на Водно
    • Драма во Струмица со среќен крај: Малолетничка не одговарала на телефон, пожарникарите влегле во станот
    • Рекордни цени на пивото на Октоберфест: Пет пати повисоки отколку во 1985 година
    • Рибите да дејствуваат, Ракот ќе вложува многу енергија
    • Рибите да дејствуваат, Ракот ќе вложува многу енергија
    • Генерално собрание на Европската еспорт федерација во Скопје – Ристовски доби Плакета за заслуги од претседателот на ИЕСФ
    • Обвинителството донесе одлука: За Ник Рајнер нема да се бара смртна казна или доживотен затвор
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Власта наскоро ќе нема пари ни за плати – Долговите ќе ги враќаат нашите деца и внуци

    СДСМ: Власта наскоро ќе нема пари ни за плати – Долговите ќе ги враќаат нашите деца и внуци

    03.07.2026 во 09:22Updated:03.07.2026 во 09:573 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Кога луѓе кои со години работеа за СДСМ, како Петар Арсовски, почнуваат да ја продаваат „верата за вечера“, тогаш станува јасно дека не станува збор за анализа, туку за позиционирање, стои во соопштението од СДСМ.

    -Тие не ја предаваат само партијата. Тие ја предаваат идејата. Идејата за борба против организиран криминал, за европска и демократска Македонија, за земја во која младите ќе останат да живеат, а постарите ќе имаат достоинствен живот. Наместо заедно со СДСМ и Фронтот за вистина и правда да се борат против корупцијата и заробената држава, тие сега работат на платформи и наративи кои директно служат на Мицкоски – за слабеење на опозициониот блок. Токму како што беше и со проектот ЗНАМ, а сега и со новите обиди за „платформи“ и „нови почетоци“ кои во реалноста значат само едно: обид за поделба на опозицијата одвнатре, велат од партијата.

    Според СДСМ, ВМРО е во слободен пад. Велат, изгубија над 150.000 гласови, рејтингот на Мицкоски е катастрофален, а единственото што му остана се лаги и пропаганда.

    -Буџетот е празен, секојдневно се задолжуваат, а долговите ќе ги враќаат нашите деца и внуци. Наскоро нема да има пари ни за плати. Театарот на реконструкција трае со месеци – стари кабинети, нови фотелји. Мицкоски со лаги дојде на власт, денес владее со лаги. Граѓаните сè видоа и повеќе никој не му верува, велат од СДСМ.

    Според нив, затоа Мицкоски ќе мора да оди на предвремени избори, бидејќи поинаку не може да ја продолжи својата авторитарна власт – ниту во партијата, ниту во државата.

    -Криминалната организација чини. Потребни се тендери, а пари нема. Тендер коалицијата е во распад. Главниот соучесник во криминалот и корупцијата здружението ЗНАМ кое Мицкоски го формираше на минатите избори, денес е исчезнато, па мора да прави ново. “Платформата за иднината на Мицкоски” се подготвува веќе со месеци, за што СДСМ уште одамна зборуваше. Обидите одвнатре не успеаја, па сега се обидуваат однадвор. Многумина се спремни да ја наведнат главата пред организираната криминална група. Не за џабе во Македонија се вели: „Наведната глава сабја не сече“ а нека е и платен за да ја наведне главата, додаваат од таму.

    -Сите овие кои денес се претставуваат како „независни аналитичари“ или „нови гласови“, всушност се дел од истата машинерија која работи против Фронтот за вистина и правда: дел од партиите, дел од здруженијата, 40 отсто од медиумите во сопственост на Орбан кои работат за ВМРО под диригентската палка на Латас, фарми на тролови, сестрински бот-платформи од СНС, оркестрирани кампањи на социјалните мрежи и обиди за вештачко креирање на „платформи“ кои треба да го ослабат СДСМ. Петар Арсовски е само еден во низата луѓе без морал и без срам. Затоа денес е јасно на сите: Нема друга опозиција освен онаа обединета околу Фронтот за вистина и правда. Граѓаните ќе победат. Фронтот ќе ја врати власта во рацете на граѓаните од канџите на организираниот криминал. Фронтот ќе победи. Ќе победат вистината и правдата, а сите тие ќе одговараат!, велат од партијата.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Николоски оствари средба со американската амбасадорка Варнс: Потврдена одличната економска соработка и динамика на капиталните проекти

    16.09.2026 во 16:52

    Ѓорѓиевски на Македонско-австрискиот бизнис-форум: Ги реализираме капиталните проекти чекани со децении

    16.09.2026 во 12:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.