Само во јули 765 пожари беснееле во Македонија
Вкупно 765 пожари од пошироки размери се регистрирани во јули, објави Центарот за управување со кризи.
Според ЦУК, најголем дел од пожарите зафатиле висока сува трева, стрништа, нискостеблеста, деградирана шума и депонии. Вкупно 608 пожари се регистрирани на ваков терен.
157 биле шумски пожари кои практично прават и најголема штета.
Повеќе од еден месец Македонија се бори со големи шумски пожари. Изутрината регистрирани се два активни пожари во Јасен на потегот меѓу селата Тажево и Брезница и во Студеничани помеѓу селата Дрешница и Батинци.
Седум пожари се ставени под контрола, а изгаснати се 37.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа