Скандал со "Дубаи чоколадо": Германскиот суд пресече - Дубаи чоколадото мора да се произведува во Дубаи

 


Иако слаткото познато како Дубаи чоколадо стана исклучително популарно и барано во Германија, судот во Келн пресуди дека под тоа име може да се рекламираат само производите кои всушност се направени во Дубаи.

Рачно изработените чоколадни производи „Алјан Дубаи“, кои се продаваат во дисконтниот ланец „Алди Суд“, станаа вистински хит откако се појавија во продажба во декември.

Десертот кој во светот стана познат како чоколадо од Дубаи благодарение на „Тикток“ е комбинација од кремасти ф’стаци, крцкав кадаиф и чоколадо.

Но, окружниот суд во Келн издаде привремена забрана против ланецот супермаркети „Алди Суд“ да го продава производот, тврдејќи дека името е погрешно бидејќи производите всушност биле произведени во Турција, а „Алди“ мора да престане да продава „Дубаи чоколадо“.

Производот може да биде означен како Дубаи чоколадо во Германија само ако е произведен во Дубаи или има географска врска со него.

Тужбата пред судот ја поднесе увозникот на кондиторски производи Андреас Вилмерс, кој продава производи од брендот „Фекс“ од Дубаи во Германија.

Во декември, Вилмерс ги пријави „Лидл“ и производителот на чоколади „Линдт“ поради истата причина. Одлуката на судот сè уште не е правно обврзувачка и „Алди Суд“ има право на жалба.

14.01.2025 - 10:41

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега