Ќе мрзнеме повеќе од 1 месец: Студениот бран ќе се растегне низ февруари
Ако може да им се верува на долгорочните прогнози тогаш пред нас е еден прилично долг период во кој што ќе имаме студено време и температури кои ќе бидат длабоко под нулата.
Оваа недела пред крајот се очекува да донесе разведрување. Тоа ќе ги спушти утринските температури и под минус 10 на одредени места. Сепак ќе имаме сончево време кое во текот на денот ќе донесе максимални температури кои ќе бидат над 5 степени.
Ваквото време ќе се задржи се до крајот на јануари кога се очекува нов влажен бран кој ќе донесе нови врнежи од снег.
На почетокот на февруари долгорочните прогнози најавуваат и нов студен бран кој сега се очекува на некои места да ги спушти температурите и под минус 15.
Ниски температури кои во текот на денот нема да надминат 3 степени а наутро ќе паѓаат и под минус 10 се очекуваат се до половина од месецот февруари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа