Мицкоски: Потпишавме договори за 828 проекти за финансирање на општините

 

Пред една година, народот ни ја довери честа и одговорноста да ја водиме Македонија. Не ни ја даде само власта, туку ни ја предаде надежта, очекувањата, разочарувањата од претходно. Државата беше понижена, но не изгубена. Народот кажа, доста беше. И промената започна, изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на вечерашната трибина на тема „Инфраструктурен бум – ги градиме темелите на промените“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ која се одржува во Гевгелија.

Ја презедовме државата во состојба во која малку кој веруваше дека може да се исправи. По седум години безвластие и бесчестие, институциите беа девастирани, економијата пред пропаст, сиромаштијата продлабочена, а народот оставен сам на себе. Македонија беше држава киднапирана од картели, партиски врски и коруптивни шеми. Народот не беше граѓанин, туку заложник на таа мала тесна клика на власт. Институциите не беа сервис, туку сопственост на таа клика. Законот не беше рамка, туку алат за одмазда. Одговорноста не постоеше. Редот беше укинат. Вистината беше претворена во тишина.

Но, ние не дојдовме да молчиме. Не дојдовме да управуваме од комоција. Не дојдовме да ги гледаме проблемите. Дојдовме да се фатиме во костец со нив. Да се фатиме со вистината. Да се фатиме со темелите. Во суштина,  да ја обновиме државата не со шминка, туку од корен. Како што рекол Черчил: „Не стануваш голем со избегнување на одговорноста. Големината почнува кога ќе застанеш пред вистината“.

Се сеќавате на шемите на Артан Груби, на соравиите на ДУИ и внчучињата на Али, да потсетам на гафовите на Ковачевски, тендерите во РЕК  Битола или понизноста и клечењето на Заев и  партнерствово во бизнисите со  Венко Филипче. Истите тие кои мислат дека меморијата на народот се брише со гума, се лажат.

И свесен сум дека имаме исклучително тешка задача. Затоа првата година ја посветивме на основата.Во суштина, на темелите. Градевме институции кои всушност се за граѓаните. Повторно ја вративме функцијата на државата ,да штити, да служи, да создава. Воспоставивме владеење на правото, го стабилизиравме економскиот курс на Македонија, ја намаливме инфлацијата, го обновивме интегритетот на системот.

Започнавме реформи кои го раздвижуваат замрзнатиот јавен механизам и покажавме дека владеењето не мора да биде привилегија, туку  чест и должност. Почнавме со тоа што никој не помислуваше и не сакаше  да го допре. Го раскрстивме комфорот на политичкиот договор и се фативме со реалната борба.

И да. Секој почеток е тежок. Секој нов почеток е уште потежок, затоа што наследуваш веќе стекната состојба и не почнуваш од нула, туку од минус. И повторно градиш темели, одново поставуваш столбови, ги засилуваш носечките кои дотогаш биле дотраени, кршени и рушени. Тие нови темели стануваат фундамент на новата иднина која заеднички ја градиме, тие нови темели се секојдневната борба за тебе и твојата иднина. Тие темели треба да го донесат времето на Македонија, време кое допрва доаѓа. Најдоброто кое допрва ќе се случи. Она што сите го очекуваме, сакаме заслужуваме и за кое секој ден, се трудиме и чекор по чекор се бориме. Земја на пропсеритет, ред, развој, почит, човечност, земја на вредности. Земја со која ќе се гордееме, земја која ќе биде на вистинскиот пат, повторно твоја и ќе работи за тебе.

Инвестицискиот циклус што го отпочнавме е најголем во последната деценија, изјави премиерот од Гевгелија.

17.07.2025 - 22:40

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега