Во Собранието се гласаше за предлогот на СДСМ за воведување минимална плата од 600 евра, но истиот не ја доби потребната поддршка. На Светскиот ден на пристојна работа, пратениците на Левица не беа во салата и не дадоа ниту еден глас, соопшти портпаролката и членка на ИО на СДСМ, Богданка Кузеска.
Според Кузеска, заедно со ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН, кои исто така не гласаа „за“, изостанаа и пратениците од ДУИ, а повисока плата поддржаа само пратениците од СДСМ и коалицијата.
Од партијата потсетуваат на предизборните ветувања на Левица за заштита на работничките права и прашуваат зошто партијата не го поддржала законското решение.
„Кога дојде закон за 600 евра минимална плата, Левица не гласаше. Работникот не ги плаќа сметките со пароли и со лажни програми. Не ја полни корпата со соопштение. Ако партија што се колне во работничката не гласа за минимална плата, таа не е лева партија. Таа е партија на далечинско“, порача Кузеска на прес-конференцијата.
Од СДСМ порачуваат дека целта е спас на актуелната власт и огласување на опозициските гласови, додавајќи дека тие повторно ќе гласаат за плати за работниците.


