Потрошувачката кошница на Министерството за економија во август изнесува 58,845 денари, околу 11 илјади денари помалку од синдикалната.
Министерот Дурмиши вели дека разликата е во методологијата, односно во производите и трошоците што се пресметуваат.
На прашањето колку пари им остануваат на граѓаните откако ќе ги платат сите сметки, Дурмиши не даде конкретен одговор, туку рече дека пресметката покажува колку му се потребни на едно четиричлено семејство за еден месец.
За инфлацијата од 2,7 проценти во септември, тој рече дека земјава има пониска инфлација од европскиот просек и дека намалувањето на акцизите за горивата помогнало да се заштити животниот стандард.
Кажа дека околу 30 илјади граѓани земаат минимална плата, но според неговите тврдења, останатите 98 проценти од вработените земаат повеќе од минималната.
- Со тврд предмет ја тепал партнерката – полицијата мораше да приведе кавадарчанец
- По долгогодишна запуштеност Скопје ги враќа градските цвеќарници
- „Ќе продолжат да тонат“ – Мицкоски за предноста пред опозицијата во најновите анкети
- Мицкоски: Кога ќе го средиме Калето, ќе се наплаќа влез
- Мицкоски: Се радувам што дијалогот со Бугарија почна, се надевам ќе продолжи
- Полицаец Албанец ги тепал двете момчиња – МВР ќе бара одговорност и најстроги санкции
- Мицкоски: Ќе ја продолжиме кризната енергетска состојба за уште шест месеци
- Малолетници зад волан и пијани шофери: МВР спроведе масовна акција против дивеењето во сообраќајот


