Времето утре променливо облачно, попладне ќе има повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат со поројни, проследени со појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, соопшти УХМР.

Во Скопје, променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе има повремен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Од УХМР соопштија дека под влијание на циклонска активност до средината на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни над 20 l/m², особено во недела. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме проследени со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Од понеделник ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура ќе биде во опаѓање. Во вторник под влијание на постуден бран врнежите на некои од повисоките планини ќе преминат во снег.

Exit mobile version