Во периодот од 2012 до 2017 година во ДЗС никогаш не пристигнале документи со барање за давање согласност или мислења од страна на кабаре „Пулс“, ниту барање или пријава од правно или физички лица за објектот. Конфузијата на обвинителството која ја прави во мешањето на надлежностите и одговорностите прави да докажувам нешто што е очигледно, дека не постои моја вина ниту надлежност, изјави Шабан Салиу, кој беше на функцијата директор на ДЗС од 2008 до 2017 година во својот воведен говор на судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Шабан Салиу, денеска го отфрли товарот на обвинението во случајот „Пулс“, нарекувајќи го правно неодржливо и логички апсурдно.

„Бог да чува! Ниту Баба Ванѓа да стане од гроб не можеше да го предвиди ова, а не пак јас“, изјави Салиу во судницата, реактирајќи на тврдењето дека делувал со „евентуална умисла“ во периодот 2012–2017 година, а за настан што се случил осум години подоцна – трагедијата во Кочани во 2025 година.

Тој пред судот ја цитираше клучната реченица од обвинителниот акт: „Директорите на ДЗС, иако биле свесни дека поради нивното несторување може да настапи штетна последица, се согласиле со нејзиното настапување.“

„Според ова, јас уште во 2012 година сум знаел што ќе се случи на 16 март 2025 година. Тоа не е ни правно, ни логично издржано“, нагласи Салиу.

Exit mobile version