Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на планинскиот премин Стража, соопшти вечерва АМСМ.
Оттаму дополнуваат дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но, како што велат, поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење.
– Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, наведува АМСМ.
Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

