Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, утре ќе оствари работна посета на Општина Гази Баба, каде ќе присуствува на почетокот на неколку значајни инфраструктурни проекти.

Според агендата, во 11:00 часот премиерот ќе го означи почетокот на градежните активности за реконструкција на улицата „Петре Филиповски-Гарката“ во населбата Триангла. Веднаш потоа, во 11:20 часот, Мицкоски ќе присуствува на поставување на камен-темелник за нова спортска сала во основното училиште „Григор Прличев“ во населбата Железара.

По завршувањето на активностите во училиштето, предвидено е премиерот да даде изјава за медиумите во врска со новите проекти во општината.

Exit mobile version