Кога дури ни сопствените пратеници не му се појавуваат на седница што ја води Венко Филипче, прашањето веќе не е дали во СДСМ има внатрешен конфликт, туку колку е длабок, вели Бране Петрушевски , пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Денес, на Националниот совет за евроинтеграции, каде се презентираа приоритетите на Кипарското претседателство со Советот на ЕУ, од СДСМ немаше ниту еден присутен пратеник, истакна Петрушевски.

Петрушевски прашува дали со бојкотот на Филипче пратениците на СДСМ испраќаат порака до јавноста и европските партнери? Очигледно, последниот Конгрес на СДСМ предизвика поголеми поделби, наместо обединување, како што вели Филипче.

Exit mobile version