Владата во Белград денеска ја усвои изменетата Одлука за формирање на Координативно тело за процесот на пристапување на Србија кон Европската унија. Станува збор за нов оперативен тим кој ќе го сочинуваат претставници на највисоко државно ниво.

Главната улога на ова тело ќе биде координирање на забрзаното спроведување на сите обврски од европската агенда. Како што соопштија од српската влада, задачата на тимот е да обезбеди стратешки насоки и политичка координација за навремено решавање на клучните прашања во преговорите.

Овој тим ќе функционира како директна врска помеѓу донесувањето одлуки на највисоко ниво и оперативното управување со процесот. Министерството за европски интеграции на Србија ќе продолжи да ја врши стручната и административната координација меѓу сите институции вклучени во преговорите.

Exit mobile version