Сајкоски: Безрезервна поддршка од пратениците за Тошковски
Безрезервна поддршка од пратениците и дополнителен мотив за министерот Панче Тошковски, да продолжи уште пожестоко и посилно во борбата против криминалот и корупцијата, напиша пратеникот Ѓорѓија Сајкоски.
Собранието вечерва ја отфрли интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
„Против“ интерпелацијата гласаа 72 пратеници, 20 „за“, а немаше воздржани. Интерпелацијата што ја поднесе Левица, ја поддржаа СДСМ и ДУИ.
Базирана е на десет основи, од кои пет се директно поврзани со трагичната несреќа во Кочани во која животот го загубија 62 лица, а близу 200 беа повредени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа