На овој патен правец од утре се воведува сообраќаен режим поради санација на свлечиште
Од утре, 12 септември, привремено ќе биде изменет режимот на сообраќај на регионалниот пат Р1202, делница Косоврасти - Мелнички Мост.
Како што соопшти Автомотосојузот на Македонија, утре на оваа делница ќе почнат градежни активности за санација на свлечиште и сообраќајниот режим ќе трае до нивното завршување.
АМСМ потетува и дека од 3 септември, во период од две седмици, на патниот правец Гостивар - Тетово и обратно, од патарина Тетово до патарина Гостивар, ќе се изведуваат градежни истражувачки работи, поради што сообраќајот ќе се одвива по привремен режим.
Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.
-Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, соопшти АМСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа