СДСМ: ВМРО ДПМНЕ е елементарна непогода за Скопје

 
 
Скопје денеска се соочува со закана од екоцид поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и нивните градоначалници.
Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ им ветуваа на скопјани решавање на проблемот со депониите.  Што добивме после 4 години? Елементарна непогода му се случува на Скопје со ВМРО-ДПМНЕ, реагираат од СДСМ преку писмено соопштение испратено до медиумите.
 
„Во Вардариште, секој ден гори канцерогено ѓубриште. Стотици илјади скопјани дишат отров, а Мицкоски и Орце Ѓорѓиевски бесрамно молчат и ништо не преземаат.
 
Чадот од депониите е директна закана за здравјето на граѓаните и потврда за неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ.
 
Ниту едно ветување за депонијата Вардариште не е исполнето. Ниту едно ветување за Дрисла не е исполнето.
 
 Наместо современ центар за управување со отпад, Дрисла повторно станува црна точка и извор на загадување за целиот град.
 
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се симбол за негрижа и уништување на Скопје. 
 
Наместо решенија, тие му донесоа на градот еколошка катастрофа“, стои во реакцијата на СДСМ испратена до медиумите.

 

10.09.2025 - 16:59

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега