Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски: Не постои ниту една афера која е поврзана со оваа влада

    29.10.2026 во 19:44

    Сали во Даблин: Охридскиот договор е трајна обврска, а не само историски документ

    29.10.2026 во 19:43

    Василевска во „Колегиум“: Опозицијата користи застарен ПР и води политика спротивна на државните интереси

    29.10.2026 во 19:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Не постои ниту една афера која е поврзана со оваа влада
    • Сали во Даблин: Охридскиот договор е трајна обврска, а не само историски документ
    • Василевска во „Колегиум“: Опозицијата користи застарен ПР и води политика спротивна на државните интереси
    • Над 22.000 преземања за 24 часа: Апликацијата „m.Uslugi“ забележа голем интерес кај граѓаните
    • Мисајловски: Професионалните војници со навршени 45 години ќе можат да избираат меѓу останување во Армијата, трансфер или отпремнина
    • ДЗС: Над старата касарна во Битола отстранети се 1.700 рачни бомби и мини
    • Мицкоски утре во посета на Јурумлери: Почеток на изградбата на нова фаза од вакуумската канализација
    • Трајчулески до Мицкоски: Како Владата гарантира контрола на границите по бегствата и случајот со петте тони дрога
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » САД: Стратешкиот дијалог со Косово ќе продолжи кога Приштина ќе ги исполни обврските кон Србите

    САД: Стратешкиот дијалог со Косово ќе продолжи кога Приштина ќе ги исполни обврските кон Србите

    17.07.2026 во 19:472 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Соединетите Американски Држави денеска соопштија дека Стратешкиот дијалог со Косово ќе продолжи откако Приштина ќе ги исполни условите, вклучително и обврските преземени кон српската заедница, јави српската редакција на Радио Слободна Европа.

    – Остануваме посветени на зајакнувањето на заедничките интереси на САД и народот на Косово. Со задоволство ќе го започнеме Стратешкиот дијалог со Косово кога ќе бидат исполнети соодветните услови, вклучително и спроведувањето на обврските на Косово кон косовските Срби – изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент.

    Стратешкиот дијалог меѓу САД и Косово беше замрзнат во 2025 година поради, како што беше наведено, „загриженоста поврзана со постапките на Владата на Косово“.

    Од Стејт департментот не прецизираа кога би можел да биде обновен дијалогот, ниту кои конкретни чекори се очекуваат од косовските власти.

    Одговорот на американската администрација следува во денот кога во Вашингтон започна првата рунда од Стратешкиот дијалог меѓу САД и Србија, насочен кон продлабочување на соработката во областа на безбедноста, економијата и надворешната политика.

    Воедно, Србија денеска официјално се приклучи на вселенската програма „Артемида“ во седиштето на НАСА во Вашингтон. Документот за пристапување го потпиша српскиот министер за надворешни работи Марко Ѓуриќ, кој оцени дека станува збор за историски ден за српската наука.

    „Преку овој дијалог САД и Србија ќе работат на остварување на заедничките цели, меѓу кои се регионалниот мир и стабилност, продлабочувањето на врските во областите како вработувањето и образованието, како и изградбата на просперитетна иднина“, изјави портпаролот на Стејт департментот.

    САД го замрзнаа Стратешкиот дијалог со Косово на 12 септември 2025 година на неопределено време. Американската амбасада во Приштина тогаш соопшти дека одлуката е донесена поради „загриженоста поврзана со постапките на актуелната Владата“, кои, според Вашингтон, довеле до зголемување на тензиите и на нестабилноста и ја ограничиле можноста за продуктивна соработка.

    Одлуката уследи по мерките што косовските власти ги презедоа против српските институции кои функционираат на територијата на Косово.

    САД, како и Европската Унија, очекуваат Косово да ги спроведе договорите постигнати во дијалогот со Србија, вклучително и формирањето на Заедницата на српските општини, обезбедувањето одредено ниво на самоуправа за српската заедница во Косово, како и решавањето на споровите меѓу Косово и Српската православна црква.

    Србија не ја признава независноста на Косово, прогласена во 2008 година, а двете страни водат дијалог за нормализација на односите под покровителство на Европската Унија.

    Прочитај повеќе

    Русите подготвуваат оружје како од научнофантастичен филм

    29.10.2026 во 17:59

    Вучиќ е подготвен за дијалог, но и за соработка со „Студентската листа” – најави и ново раководство на СНС

    29.10.2026 во 15:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.